Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварец имал решение за изолација, а отпатувал во Германија

Објавено

на

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството соопшти дека првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па на 03.11.2020 година го напуштил домот. На наведената домашна адреса бил затекнат само неговиот син, кој кажал дека не знае каде е татко му. Следниот ден полициските службеници извршиле разговор со обвинетиот, кој потврдил дека го напуштил домот, пешки се движел покрај реката Вардар до селото Равен и назад, купил лекови од аптека и се вратил дома.

Вториот обвинет, пак, исто така имал Решение за лекување и изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од 06.02.2021 година требало да остане во домашна изолација во село Равен. Но, на 12.02.2021 година без дозвола ја напуштил државата и со авионски лет од Меѓународниот аеродром Скопје отпатувал во Минхен, Германија.

За двајцата обвинети, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои му предложи на Основниот суд Гостивар да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби.​

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена