Гостивар
Гостиварец обвинет за обид за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице, жител на Гостивар за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
„На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба жена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне.“, соопшти обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/жртвата како и можност да го повтори делото.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар