Поврзи се со нас

Култура

Гостиварецот Бурхан Ахмети на меѓународна изложба „Од отпад до уметност“ во Азербејџан

Објавено

на

Уметникот Бурхан Ахмети учествува на 8-та меѓународна изложба во музејот „From waste to Art”“ што се одржува во Баку, Азербејџан од 21-ви септември до 1-ви октомври. Во текот на неговиот престој во Баку, гостиварскиот уметник ќе реализира инсталација со комбинирана техника во два слоја пластични кеси и на плексиглас плочки ќе го гравира портретот на Насими (познат поет и филозоф од Азербејџан).

„Се чувствувам привилегиран што добив важна покана од Азербејџан и ми се одобри идејното решение за инсталација со комбинирана техника “Од отпад до уметност”. Двата слоја од инсталацијата, ќе бидат одвоени со 6 проѕирни акрилни плочки, поврзани како мозаик. На првиот дел ќе може да се види портретот на Насими како гравура, а во позадина на вториот дел на мозаик плочките ќе бидат залепени сино-бели пластични пластични кеси кои истовремено го симболизираат и глобалното затоплување. На портретот и рацете на Насими, на задниот слој ќе бидат залепени бели пластични кеси кои ја симболизираат светлината, мирот и чистотијата“, изјави Ахмети за Gostivarpress.mk.

Проект „Од отпад до уметност“ се спроведува во Баку од 2012 година, со поддршка на Фондацијата Хејдар Алијев, предводена од првата дама на Азербејџан, Мехрибан Алиева. Целта е да се зголеми вниманието кон одговорен пристап за заштитата на животната средина. Во проектот учествувале над 150 ументици, од 40-тина земји низ целиот свет: Холандија, Куба, Велика Британија, САД, Колумбија, Шпанија, Франција, Германија, Италија, Албанија, Белорусија, Јапонија, Австралија и други.

Бурхан Ахмети е роден 1978 година во гостиварско Дебреше. Член е на ДЛУМ, има реализирано многубројни самостојни и групни изложби во земјава и странство, добитник е на значајни ликовни награди и учесник во над стотина ликовни колонии. Автор е на скулптурата со името на градот, која е поставена на Кејот на Вардар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 16 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 17 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 19 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 20 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена