Вести
Гостиварецот Ивица Срезоски бара втора шанса – Гемиџии ќе собираат донации на натпреварот во сабота

Навивачката група Гемиџии од Гостивар, на социјалните мрежи вчера објави дека на натпреварот помеѓу КК Гостивар и Вардар кој ќе се одигра во рамки на 13-тото коло од Првата македонска кошаркарска лига, во сабота на 25.01.2020 од 18 часот, ќе собираат финансиски средства за помош на Ивица Срезоски кој има потреба од лекување во Русија.
На двата влеза во спортската сала Младост ќе бидат поставени кутии за донирање парични средства за помош на Ивица. Ова не е прва ваква хуманитарна акција на гостиварските навивачи, својата доблест и хуманост ја имаат покажано во повеќе примери, помагајќи им на сограѓаните од Гостивар.
Во акцијата ги повикуваат сите љубители на кошарката и навивачи од регионот, да дојдат на натпреварот, донираат им помогнат на Ивица Срезоски во неговата битка и во битката на кошаркарките против Вардар на теренот.
Во акцијата можат да се вклучат сите граѓани на Македонија преку телефонските броеви:
Ивица боледува од спиноцеребрална атаксија. Претходно имаше обид за лекување во Кина, но не ги даде очекуваните резултати. За третман во Русија му се потребни 40 илјади евра.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград