Гостивар
Гостиварецот Насер Велиу на Светски настан за климатски промени во Милано, Италија

Младиот екоактивист од Гостивар, Насер Велиу е еден од двајцата претставници на земјава на светска конференција за климатските промени: „Младите за климата – предводници на амбицијата“ што ќе се одржува во Милано, од 28 до 30 септември. На овој настан учество ќе земат 400 млади луѓе од сите земји во светот. Велиу е наш делегат заедно со Ангела Бушеска.
„Средбата во Милано е дел од процесот на вклучување на младите, кој започна во 2019 година, со поддршка од Италија. Таа претставува шанса младите да предложат идеи и конкретни активности за решавање на климатските промени. Денес, климатската стабилност е глобално заедничко добро и нејзиното зачувување подразбира одговорност на сите: владите, фирмите, луѓето. Не се работи само за обврски, инвестиции и нови технологии. Потребен е голем културен скок, па затоа се толку важни младите генерации. Зашто утрешниот свет им припаѓа ним“, рече италијанскиот Амбасадор Андреа Силвестри.
„Климатската криза е криза на детските права. Таа претставува невидена закана по здравјето, исхраната, образованието, развојот, опстанокот и идниот потенцијал на сите деца. Исто така, претставува критично прашање меѓу младите. Во сите консултации што ги имавме со младите во земјава, климата и животната средина, заедно со квалитетното образование и квалитетот на животот, се најважни за нив“, рече Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ.
Младинскиот настан во Милано ќе ѝ претходи на 26-тата Конференција на страните на ОН за климатски промени во Глазгов.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер