Спорт
Гостиварецот Шендрит Деари државен првак во тенис

Со вчерашните финални мечеви во двете конкуренции заврши Државното првенство во тенис. Нови шампиони станаа Шендрит Деари и Александра Симева.
Гостиварецот Деари во своето седмо финале ја освои втората шампионска титула, а за Симева ова е четврта шампионска титула.
Неизвесност резултатска имаше во машкото финале во Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Деари со 2:1 во сетови го совлада Стефан Мицов, Деари го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а Мицов со истиот скор го доби вториот сет и мечот се решаваше во третиот сет, кој му припадна на Деари со 6:4. Со оваа победа во финалето Деари го изедначи скорот на 2-2 против Мицов во финалните мечеви за титулата државен првак.
Деари е роден 1989 година, на поедичната АТП листа највисок пласман му е 1131 место, во АТП двојки 1091, ја претставуваше Македонија на Дејвис купот.
Во конкуренција на машки двојки шампиони станаа Берк Бугариќ и Елдин Хусеиновиќ, откако финалето го добија без одигрување на мечот, а финалисти беа: Иван Манасов и Елведин Пепиќ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос