Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварецот Шурбан успешно ја пренесува љубовта кон планините на новите генерации

Објавено

на

„Откако знам за себе планинарам и нема ништо поубаво, почисто и поздраво на светот од планините“, вака вели лиценцираниот планинарски водич и пасиониран вљубеник во природата од Гостивар, Исмет Шурбан. И навистина, секој момент и прилика во животот  ги користи да биде во висините, со природата. Истото се труди и успева да им го пренесе и на новите генерации. На негова иницијатива и под негово водство, група од 13 дечиња активно се вклучени во планинарење и секој викенд уживаат во нови планински предели. Најмалите во групата имаат по само 4 години.

За да ги совладаат основните правила и вештини, претходно учествуваат во посебна седумдневна школа во планинарското друштвото Шари.

„По 20 декември 2020-та година, ни завршија годишните активности како планинарско друштво и јас решив малку да се посветам на децата со планинарски школи. Објавив за школите на трите јазици, македонски, албански и турски и во овој случај се пријавија деца на турски јазик. Седум дена држевме обука теорија околу потребна техничка опрема за планинарење, храна, правилата за движење и слично. Потоа, почнавме секоја сабота да правиме тури по претходен договор. Првата тура ни беше кај село Бањица, на еден врв над селото, и поминавме многу убаво, децата беа многу радосни. Потоа, почна да им се отвора апетитот за планинарење и постојано ме прашуваа каде ќе одиме следно. Наредната сабота бевме во пределот на селото Здуње. Потоа низ околината на селата, па на ред дојде планинарскиот дом во атарот на Врањовце. Во оваа тура се вклучија и претседателот на друштвото Ќерим Абази и мојот колега Керамедин, како водичи. Имавме да речам зимско-есенска тура, имаше снег, значи се движевме и по снег, па горе на децата им отворвмне шатор и тоа беше за нив навистина прекрасно доживување“, раскажува Исмет.

Пред две недели децата се вклучиле во планинарска тура заедно со возрасни планинари, долга 17 километри, која траела околу 6 часа. Љубовта кон природата, како и свеста за нејзина заштита и зачувување кај дечињата постојано расте. „Децата веќе се навикнаа дека не треба да го фрлаат ѓубрето во природа, каде ќе стигнат, па дури и друго ѓубре ако има, тие го собираат во ќесите. Ја засакаа природата и планините многу, знаат да се однесуваат одговорно и со почит“, вели водичот.

Вклучувањето во планинарската школа и учеството во турите се добра можност децата да се отргнат од интернетот и мобилните телефони, кои во денешно време им крадат голем дел од детството.

„Имаме едно правило, кога доаѓаат овде во друштвото, дали на планинарска школа или на договарање за турите, мобилните телфони сите ги оставаат на една маса и немаат никаква потреба од нив“, кажува Исмет.

Освен што имаат придобивки за здравјето од планинарењето, во текот на турите децата се едуцираат и за спецификите на околината, населението, различните култури, живиот свет и слично.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена