Поврзи се со нас

Вести

Гостиварец ги храни гулабите на снежниот плоштад

Објавено

на

Меѓу обилните врнежи од снег и трката да се завршат сите обврски, пренесуваме една навидум обична приказна, но доволно моќна да ви го стопли срцето во оваа снежна и студена зима. 26-годишниот гостиварец Фуркан Тиро, дел од своето време посветува на птиците и животните кога најмногу им е потребна човечката помош, во услови кога самите не можат да најдат храна. Хуманото момче го затекнавме на градскиот плоштад во Гостивар како ги храни гулабите. Работи во блискиот трговски центар, па купувајќи кифла за себе се сетил и на гладните птици.

„Има многу снег и гулабите не можат да си најдат храна, од нас чекаат да им фрлиме нешто, па да јадат. Сакам да им помагам, исто и дома во бавчата доаѓаат и им давам трошки, да не умрат од глад“, ни рече Фуркан Тиро во краткиот разговор.

Неколку гостиварци кои поминуваа низ плоштадот додека тој ги хранеше птиците го прашуваа како да помогнат и изразија желба да соберат пари, па заеднички да купат храна за гулабите. Момчето до сите упати апел да покажат љубов и грижа кон животните и птиците, особено во текот на зимата:

„Им порачувам на граѓаните сега во ова студено време да помогнат на кучиња, птици. Да им даваат јадење, зашто тие нема што да најдат на овој снег“.

Ете, Фуркан даде убав и едноставен пример како можеме сите ние да бидеме хумани и да научиме да пружиме помош.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена