Вести
Гостиварец останал без златниот накит вреден околу 40 илјади евра

Крадци влегле во куќа во Гостивар и со себе го однеле целиот златен накит. Кражбата се случила вчера, во претпладневните часови.
Како што соопштуваат од полицијата, непознати сторители насилно ја отвориле влезната врата од куќа, сопственост на 63 годишен гостиварец, лоцирана на улицата „Борче Јовановски“ , во близина на објектот на општината. Откако влегле внатре ги пребарале просториите. Вредниот златен накит го пронашле на две места, во комода во спалната соба и во пластична кутија во дневниот престој. Украле разновиден накит: лири, синџири, прстени, алки и друго. Вредноста на златото се проценува на околу 40 илјади евра. Со провалувањето направиле и материјална штета од околу 150 илјади денари.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека е извршен увид, подигнати се траги и се работи на откривање на сторителите.
Вчера, во Гостивар се случи уште една голема кражба во која од филијала на компанија за трансфер на пари беа украдени 10 илјади евра.
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година