Поврзи се со нас

Вести

Гостиварец покрена петиција за промена на системот на патарините: Вињета наместо наплатни рампи!

Објавено

на

Наместо редици и колони од автомобили на патарините, воведување на вињета (налепница за на шофершајбна) и слободно движење по автопатите низ земјава. Тоа е најновата иницијатива која со петиција за поддршка, кружи деновиве по интернет. Крајната цел е со конципиран систем, Македонија да стане главна крстосница на Балканот.

Иницијаторот на оваа електронска петиција е Владимир Наумоски, млад гостиварец кој приватно и службено долго време минува по патиштата.

„Целта е да се укинат патарините, да се смени начинот на наплата, во смисла да нема наплатни рампи и застој. Наплатните рампи се неправеден начин на наплата спрема луѓето кои работат во друг град и секојдневно патуваат. Сметам дека така би станале поатрактивни и за транзитирање на странците, затоа што апсурдно е некој странец што патува до Солун, на пример, да чека саат време на велешка патарина, а цел пат го поминува за час и половина“, вели Владимир.

Иницијативата е чисто граѓанска, моја, нагласува Наумоски и потенцира дека зад него не стои никаква организација. На прашањето дали воведувањато на вињети ќе ги  загрози работните места на вработените во патарините, тој одговара: „Луѓето го мислат тоа, но не е така. Може да се земе пример од Бугарија, Чешка, Австрија каде на вработените на наплатните рампи им е најдено соодветно место како контролори, продавачи на вињети и слично“.

Иницијативата за укинување на патарините, досега добила поддршка од над две илјади граѓани. Доколку бројката достигне над 10 илјади, петицијата ќе биде доставена до Јавното претпријатие за државни патишта. Ако и вие ја поддржувате, својот потпис може да го дадете на следниот линк: Петиција

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 8 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 10 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 12 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 12 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 14 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 15 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 17 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 18 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена