• Дата: 11/01/2018

Гостиварец удрил во куче на автопатот Гостивар-Тетово

На автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, вчера ( 10 јануари ) околу 7 часот, патничко возило „Фиат стило“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 34-годишниот Р.Ѓ. од Беловиште, удрило и усмртило куче-бедомник, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се движело по коловоз, соопшти полицијата.

Од удирањето во животното, нема повредени лица во возилото, додека причинатата материјална штета се проценува на 10 илјади денари.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*