Вести
Гостиварецот Глигоровски промовираше два албума со народна музика
Познатиот изведувач на македонски народни песни од Гостивар, Владо Глигоровски денес промовираше два нови албума. Станува збор за албумите: “Македонски бисери” , кој содржи 17 песни и “Свирете ми трубачи” со 10 песни – двата во продукција на Мистер Компани-Гостивар.
Гостите имаа можност да се потсетат на почетоците и кариерата на Глигоровски, кој и покрај динамичниот деловен живот, секогаш наоѓа време за својата голема љубов – музиката. Самиот пејач им се заблагодари на присуството и поддршката со ветување дека ќе продолжи да го негува македонскиот мелос.
На промоцијата, која се одржа во ресторанот „Кај Науме“ во Скопје, присуствуваа познати имиња од музичката фела во Македонија: Зуица Лазова, Наум Петрески, Ванчо Тарабунов, Ирена Спасовска, Круме Спасовски и др.
Датумот на промоцијата на двата нови албума не беше избран случајно: пејачот Глигоровски со овој настан го прослави својот роденден.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград