Култура
Гостиварецот Ѓорѓи Нешкоски во нова домашна ТВ серија
Актерот и режисер Ѓорѓи Нешкоски глуми еден од ликовите во новата серија од македонска продукција „Инсајдер“, чие снимање започна деновиве.
Се работи за социјално ангажирана ТВ серија во која се раскажуваат приказни од секојдневието на една новинска редакција. Преку работата на редакцијата, серијата ги обработува темите врзани со новинарството и со главните аномалии на општеството: корупцијата, криминалот и слично. Серијата, според најавите ќе се емитува наесен, на телевизија Телма.
Покрај гостиварецот Нешкоски, во „Инсајдер“ играат: српскиот актер Светозар Цветковиќ- Цвеле, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска.
Актерот Нешкоски до сега има остварено бројни улоги во театарски претстави, го води Драмското студио Дунек, играл на филм, глумел во македонски народни приказни, а познат е и како рекламно лице во повеќе маркетинг кампањи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград