Поврзи се со нас

Култура

Гостиварецот Крстески меѓу најдобрите на конкурсот за необјавена песна

Објавено

на

 

Дејан Крстески, млад автор од Гостивар, со својата творба „Последната книга“, влезе меѓу десетте финалисти на конкурсот за необјавена песна што го распиша Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Конкурсот се организира по повод „Ден на читателот“, манифестација која ќе се одржи во понеделник (6 март) во просториите на библиотеката. На настанот, Крстески ќе се претстави со избраната творба.

Пишувањето не е моја прва љубов. Но, секако е мојата најголема љубов и преокупација во изминатиов период. Човекот е најсреќен кога го работи тоа што го сака. Задоволството е уште поголемо кога она што го создавам им се допаѓа на луѓето, читателите на моите книги. Но, посебна тежина и вредност за мене, секако имаат оние признанија кои ги добивам од колегите автори или како во овој случај стручно-жири. Неизмерно ми е драго што мојата песна, според членовите на жирито, е една од десетте најуспешни творби. Останува да видиме кои творби ќе бидат прогласени за најуспешни на самата манифестација. Независно од тоа дали ќе биде избрана како најдобра, чувството е прекрасно кога луѓето го препознаваат квалитетот во тоа што го пишувам и воедно го вреднуваат. Всушност, тоа е чувство кое не може да се опише со зборови. Па колку и да звучи парадоксално, понекогаш и писателот останува без зборови. Иако морам да нагласам дека  не пишувам за признанија и критики туку за да пренесам порака до читателот, сепак дефинитивно годи, признанијата и наградите се мелем за душата на писателот“, вели Крстески.

Од неодамна двете негови книги „Поглед кон небото“ и „Луѓе без лице“ се поставени на најголемата е-библиотека на македонски јазик, Македоника. Воедно книгата „Луѓе без лице“ ја доби наградата за најчитана книга во септември од страна на Македоника и УНЕСКО.

Манифестацијата „Ден на читателот“ има за цел да се популаризира книгата, да се поттикне интересот за читањето и да се зголеми желбата за посетување на библиотеките. На настанот ќе биде прогласен и најчитаниот автор во Македонија за 2016-та година.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена