Вести Гостивар
Гостиварецот Марио Крајоски реди успеси на полето на математиката

Деветтоодделенецот Марио Крајоски, кој учи во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар изминатиот период постигна значителни успеси на полето на математиката. Откако ги освои првите места на општинскиот и регионален натпревар, ученикот се закити со трета награда на државниот натпревар, а последниот во низата достигнувања го забележи на јуниорската Олимпијата по математика , што се одржа на 26 мај, од каде се врати со бронзен медал. Негов ментор е наставникот Миле Апостолоски, а Марио вели дека голема помош секогаш добива и од претходниот наставник ментор Ѓуро Трпески.
„Бронзениот медал за мене претставува круна на оваа успешна година, постигнат е со многу труд и затоа сум многу среќен и задоволен. Подготовките почнаа уште од самиот почеток на учебната година, за да се стигне до тука е навистина многу напорно, треба многу работа. Секојдневно вежбав со определен план што треба да работам и на што треба да обрнувам внимание. Се надевам на уште поголеми успеси во иднина.“, рече ученикот.
Бронзениот медал е освоен во конкуренција на педесетина најдобри ученици по математика на државно ниво.
„Конкуренцијата беше многу силна, затоа што се работи за натпревар меѓу најдобрите од целата држава. Ова е значаен успех за градот Гостивар со кој сите треба да се гордееме.“, изјави менторот Апостолоски.
Класниот раководител на Марио, наставникот Анѓелко Јанкоски, вели дека се гордее со успесите на ученикот и дека за таквите талентирани и трудољубиви деца неопходно е да има поддршка од сите страни.
Постигнатите резултати и награди, менторот и полуматурантот денес ги споделија со директорот на училиштето Игор Радески и наставничкиот колектив од кои добија честитки и желби за натамошен напредок.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022