Вести
Гостиварецот Нинослав Нанков освои две награди за ораторство
Младиот талентиран гостиварец, Нинослав Нанков, успешно ги спојува своето хоби- актерството и идната професија-правото. Гостивар веќе го знае како добар глумец и водител, а Нинослав се покажа и како одличен оратор, кога станува збор за актуелните општествени теми. На 20-тата по ред Ораторска вечер, што се одржа неодамна на Факултетот за правни науки во Скопје, нашиот гостиварец освои две награди: второ место од стручното жири и специјална награда за најдобра интерпретација која се доделува во чест на познатиот актер, Бранко Ѓорчев.
„Многу сум среќен и задоволен од наградите кои ги добив на една голема и призната манифестација со традиција, како што е Ораторската вечер. Конкуренцијата беше јака и овој успех за мене е лична сатисфакција за вложениот труд. Особено сум горд на наградата за интерпретација, што ја доделува семејството на Бранко Ѓорчев во негова чест, вели Нанков, кој инаку е студент во трета година на правниот факултет во Скопје.
Говорот на Нинослав со кој ги освои симпатиите на жирито и публиката опфаќа размислување на еден млад човек околу актуелните состојби во државата и иселувањето на младата популација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар