Забава
Гостиварецот Висар Вишка во нова домашна ТВ серија
Познатиот актер од Гостивар, Висар Вишка глуми еден од ликовите во новата домашна ТВ серија „На тепарија“ која ќе започне да се емитува на почетокот од септември. Серијата е снимена според странска лиценца и содржи 45 епизоди адаптирани од македонски автори.
Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, а во слободното време и самиот бара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на ликот на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик – психотерапевтот.
Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат посебни верзии за Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Чешка, Полска и Италија. Во Балканскиот регион досега се снимени романска, словенечка и хрватска верзија.
Во македонската ТВ серија, покрај гостиварецот Висар Вишка, кој го толку ликот Гент, играат: Никола Ристановски, Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска и Бедија Беговска.
Продуцент на проектот е Роберт Насков.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград