Гостивар
Гостиварка го пријавила сопругот за насилство
Во Гостивар е регистриран нов случај на семејно насилство. Секторот за внатрешни работи соопшти дека триесет и петгодишна гостиварка, ноќеска околу 1 часот и 10 минути по полноќ, пријавила семејно насилство од нејзиниот 40-годишен сопруг И.М.
Пријавениот набрзо бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.
Од почетокот на годината на гостиварското подрачје имало триесетина случаи на семејно насилство. Најчести жртви се жените. Стручните лица сметаат дека жените за разлика од порано, сега се охрабруваат да ги пријавуваат насилниците и да бараат помош од институциите.
„Правната заштита е поголема, законот се применува, институциите и службите како што се судот, полицијата се посвесни за феноменот и се поактивни. Поради тоа и жртвите се охрабрени да пријавуваат. Сепак, во голема мера ние сме народ што нема превенција и тука лежи најголемиот проблем.“, велат психолозите.
Минатата година на подрачјето на Гостивар регистрирани се 24 кривични дела поврзани со семејно насилство. На жртвите им биле нанесени телесни повреди, кои во некои случаи биле и од потешка природа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар