Поврзи се со нас

Репортажи

Гостиварка ја освои Македонија со своето ТВ кулинарско шоу

Маја Лазаревска; maja gotvi; маја готви, 1тв

Објавено

на

Од неодамна гостиварката Маја Лазаревска има свое ТВ кулинарско шоу со интересен концепт, оригинални идеи за на трпеза, инвентивни рецепти и може да се каже дека за кратко време ги освои симпатиите на гледачката публика. Емисијата „Маја готви“ се емитува секој работен ден од 16.30 часот на 1ТВ, како дел од новата програмска шема на телевизијата. Со Маја, која инаку по професија е архитект, поразговаравме за љубовта кон подготвувањето на храна, готвењето пред камера, омилените рецепти…

Како се роди емисијата „Маја готви“?

– Емисијата е проект кој тлееше како желба многу одамна, но веројатно сега се почувствував зрела за да излезе во етер. Мојата природа на карактерот е многу шаренолика, имам многу интереси и хобија, работам неколку професии, и баш тоа е нешто што телевизијата го лоцираше како мој печат кој може да ја одвои емисијата од шаблон емисиите за готвење. Никогаш не сум била телевизиски водител, и се уште се обидувам да се изборам со сите предизвици кои се дел од оваа професија, но се надевам дека со секоја следна емисија концептот кој го замисливме ќе го доближиме до гледачите, и секако ќе им понудиме програма со која може да се изрелаксираат и да научат секако нешто.

Од каде ги црпиш идеите за рецептите што ги споделуваш со публиката?

– Идеите за рецептите во првите емисии се рецепти кои јас навистина ги готвам во секојдневието, но од снимање до снимање тестирам, испробувам и други рецепти кои може да бидат интересни и лесни за публиката, а тоа го правам како дел од секојдневната рутина. Јас навистина се одморам готвејќи по напорниот работен ден, а рецептите се секогаш моја интерпретација на она што сметам дека дека би била одлична комбинација. Обожавам да експериментирам со вкусови и си фаќам белешки. Готвењето доколку е релаксирано, а не обврска нуди бескрајни можности да се изразиш.

Дали е тешко да се готви пред камера?

– Секако дека е, посебно за некој како мене кој нема ниту познавање од тоа што е добар кадар, каде треба да гледаш за тоа убаво да се прикаже, со која брзина треба да зборуваш итн. Емисиите, како краен производ ги гледам и јас заедно со публиката за прв пат. Сакам и ценам критики и сум си најостриот критичар, па со секоја следна емисија гледам да биде сработено подобро. Дополнително снимањето е кај нас дома, па треба да излезеш од мојата секојдневна рутина, распоред, така да често на погрешно место го барам она што ми треба, ми паѓаат работи од раце бидејки сум трапава, но верувам дека и тоа ќе се надмине со текот на снимањата.

Кој е подобар готвач, мажите или жените?

– По убедување сум поборник на тезата дека нема машка или женска професија, следствено можам да кажам дека и готвењето како активност подеднакво добро ја прават и мажи и жени. Јас сум жена во исклучителна професија и секојдневно морам да се докажувам и наметнувам, што е впрочем и еден од аспектите кои сакам со оваа емисија да ги покажам. Би сакала да се види дека една жена може да биде и мајка, да гради кариера и на крајот да најде време да го прави она во кое ужива, во мојот случај тоа е готвењето. Скроз е контрадикторно и се уште се објаснувам со сите мои професионални соработници дека баш јас готвам, бидејки ме познаваат од сосема различен агол и баш ми е забавно што се рушат некои стереотипни размислувања како на пример, дека жена со кариера не може да е посветена на нешто како готвење.

Како би ја опишала гостиварската традиционална кујна, храната која се подготвува по рецепти пренесувани со генерации? Што може да издвоиш како најоригинален рецепт?

– Јас пораснав со мајка која е од Кочани, па растев со пишии и пастармајлии и кочански ориз, но затоа баба ми ми правеше некои гостиварски рецепти кои останале од времето кога луѓето едвај преживувале со храна и се уште ми се едни од омилените јадења, а се толку едноставни. Она што како специфично би го издвоила е белото гравче без масло и црвени суви пиперки за Водици, чорба од сушени пиперки печени на шпоретот на баба ми на дрва, попарени со масло врела вода и лук. До ден денес секоја зима одам исклучиво да ми го подготви тоа јадење и да ме врати на детството кое ми беше преубаво на улиците во моето маало.

Најубавото јадење кое го имаш вкусено, а не си го подготвила ти е…

– Па не би можела да издвојам, го обожавм Буденикот на баба ми од Кочани, мајка ми подготвува најубаво месо на светот, свекрва ми совршен полнет крап, но дури и да го имам рецептот секако ќе го изменам доколку јас го подготвам, не бидејки не е добар, туку затоа што обожавам кога ќе ја најдам логиката на рецептот и ќе се обидам да го унапредам, тоа за мене е една бескрајна игра

Најдобриот рецепт за ајвар е…

– Најубав ајвар е тој на мајка ми кој го прави исклучиво со пиперки, јас не знам да подготвам ниеден рецепт да бидам искрена, немам толку време, но се воодушевувам на посветеноста на оние кои ја следат традицијата и секоја година го подготвуваат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена