Култура
Гостиварката Билбиловска првонаградена за расказ од Републичкиот Црвен Крст
Ученичката Костанца Билбиловска го освои првото место на државниот конкурс за најдобар расказ распишан од Црвениот Крст на Република Македонија во соработка со Министерството за образование и наука. Конкурсот беше дел од ПХВ програмата (промоција на хумани вредности) со која се цели да се поттикне хуманоста и солидарноста кај младите и нивно активирање во заедниците кадешто живеат.
Костанца, која е ученичка во прва година во гостиварската гимназија ја доби првата награда за расказот насловен како “Има надеж” , посветен на децата со посебни потреби.
“Се надевам дека мојот расказ за децата со посебни потреби, силно ќе одекне во јавноста и ќе испрати порака дека без разлика на се, сите ние исто се смееме, исто се радуваме, исто сакаме…”, вели младата писателка на која наградата и дипломата и беа доделени вчера.
Билбиловска твори поезија и проза од најмала возраст и до сега има добиено повеќе награди на конкурси и манифестации.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар