Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварката д-р Хатије по вакцинирањето: Немам никакви несакани ефекти, вакцината е светлина на крајот на тунелот

Објавено

на

Доктор Хатије Исмаили која потекнува од Гостивар, а живее и работи како гинеколог во Словенија, се вакцинираше  против ковид 19. Споделувајќи го своето искуство и ставови, таа вели дека не и‘ се појавиле никакви несакани последици и сомнеж дали треба да се вакцинира, за да се заштити себе си и своите пациенти.

„Среќна сум што ја примив првата доза вакцина, не се сомневам во ништо и немам никакви несакани ефекти. Секојдневно сум но контакт со пациенти, меѓу нив има и позитивни и на овој начин се заштитувам себе, моите блиски и моите пациенти и колеги. Прочитавме многу за развивањето на вакцината, создадена од научници и имаме целосна доверба во науката. Очекувам вакцинацијата да биде светлина на крајот од тунелот за да ја контролираме и ограничиме на оваа пандемија, и да бидеме благодарни за вакцината“, вели гинекологот.

Вакцинацијата против ковид во Словенија започна кон крајот на декември лани, најпрво во домовите за стари лица и во болниците меѓу медицинскиот персонал. Согласно планот за вакцинација на тамошната влада се предвидува до август месец да бидат вакцинирани 1,6 милиони луѓе или 60 проценти од населението. До сега, прва доза од вакцината примиле над 20.000 лица, а имунизаицјата се одвида со вакцини од производителот „Фајзер/БионТек“. Тамошните власти најавија дека  наскоро ќе бидат достапни и вакцини од други компании, вклучувајќи ја и вакцината на „Астра Зенека“.

Д-р Хатије Исмаили завршила средно образование во гостиварската гимназија, а потоа продолжила да се образува на медицинскиот факултет во Ријека, Хрватска. По завршување на студиите се преселила во Словенија, каде денес работи и живее со своето семејство.

Минатата година беше прогласена за најдобар доктор во Словенија, со гласање на граѓаните пациенти.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 минути

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 1 час

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 2 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 3 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 4 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 17 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 23 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена