Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварката Симона Јанакиеска доби 6.000 евра стипендија за студирање на Европски Универзитет

Објавено

на

Матурантката Симона Јанакиеска од Гостивар доби четиригодишна стипендија во висина од 6.000 евра за студирање од Европскиот Универзитет од Скопје на тамошниот економски факултет. Стипендијата на младата гостиварка и е доделена преку отворен конкурс, во рамки на Караванот на образованието, кој Универзитетот го спроведе во соработка со Општина Гостивар.

Симона била избрана од тричлената комисија од локалната самоуправа како најуспешна и најподготвена да одговори на предизвиците во натамошното високо школување.

„Ја добив стипендијата за сите 4 години што за мене претставува навистина голем успех. Се пријавив на кокурсот по предлог на една другарка за што сум и многу благодарна.“, рече Јанакиеска.

Претставниците на Универзитетот нагласија дека им е задоволство што гостиварката станува дел од нивната образовна установа. „Целта наша беше да ги поттикнеме и мотивираме успешните луѓе кои сакаат да го надоградат своето образование, да си ја пробаат среќата. Симона беше храбра и не се плашеше од тоа дали ќе има или нема конкуренција и верувам дека ќе биде една од најдобрите студентки кај нас“, рече Сузана Турунџиева, ПР на Европски Универзитет. 

Градоначалникот Арбен Таравари, при врачување на стипендијата и` честиташе на Јанакиеска, потенцираше дека Гостивар се гордее со младите вредни луѓе и и` посака успеси во факултетските денови.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена