Гостивар
Гостиварката Тамара првенец на генерација со 9,85 просек

Младата гостиварка Тамара Иваноска е првенец на генерација на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Трудот, љубовта кон избраната професија и максималната вложеност резултираат со голем успех. Тамара годинава е добитник на стипендија од Фондацијата „Трајче Мукаетов“ која се оделува тринаесетта година по ред.
Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2020/2021 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети (фармација и медицина), како и претставници од редовите на студентите.
Годинава, доделени се 39 нови стипендии, од кои 19 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.
Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која Фондацијата ја доделува единаесет години по ред за првенците на генерациите на двата факултети, годинава им припадна на Тамара Иваноска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,85 – стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“) и Ева Палчевска од Медицинскиот Факултет (со просек 9,91).
„Навистина ми е драго што фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и компанијата ‘Алкалоид’ и во вакви специфични услови на функционирање на образовниот процес продолжија со поддршката на талентирани студенти по фармација и медицина. Иако годинава доделувањето на стипендиите се случува во време на пандемија, ние како компанија, одлучни сме да го продолжиме стимулирањето и наградувањето на студентите. Лично се надевам дека бенефициите од Фондацијата за идните фармацевти и доктори по медицина ќе бидат мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“ – изјави Живко Мукаетов, претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче