Поврзи се со нас

Што, како, каде?!

Gostivarpress.mk слави 3-ти роденден – Oстануваме ваши!

Објавено

на

 

Почитувани читатели, пријатели, соработници, поддржувачи – септември е значаен месец за Gostivarpress.mk, како месец кога го направивме првиот чекор во медиумскиот свет и првиот чекор кон вас. Денеска славиме трети роденден и со гордост можеме да кажеме дека веќе одиме цврсто и сигурно, по истиот пат кој го зацртавме на самите почетоци.

Приказната за Gostivarpress.mk започна од ентузијастичка идеја да се создаде современ електронски медиум за гостиварскиот регион: автентичен, близок до граѓаните, вистинит, интересен, медиум којшто ќе информира за случувањата, секојдневните настани, актуелните состојби, ќе раскаже по некоја сторија за успех, ќе ги овековечи низ збор и фотографија препознатливите белези на Гостивар и регионот, медиум којшто ќе ги отвори своите страници за вашите реакции, проблеми, предлози, медиум на кој може да му се верува.

Волјата беше неизмерна, таква е и денес, после три години работа. Ќе звучи нескромно, но убедени сме дека, освен што ги оправдавме нашите очекувања, секојдневно ги оправдуваме и очекувањата на нашите читатели, прераснувајќи во регионален медиумски бренд, лидер по бројот на посети, лидер по бројот на создадени вести од регионот. За три години успеавме да се најдеме помеѓу најпосетуваните 100 македонски веб страници во државата. Пресреќни сме што читателите ги препознаваат вредностите и ни ја даваат својата доверба и поддршка.

Три години, без ниту еден ден пауза Gostivarpress.mk расте и се развива. Сепак, мисијата останува иста – да се донесе проверена информација, да се биде гласот на народот, со објективност, вистина и без сензационализам или пристрасност.

Со големо задоволство и возбуда пишуваме за убавите нешта во Гостивар, за прослави на празници, награди на ученици, драмски претстави, концерти, спортски успеси. И сакаме да има што повеќе вакви вести. Ги следиме работата и функционирањето на општинската власт и јавните претпријатија и установи и за тоа објективно и професионално известуваме. Алармираме за проблемите коишто ги засегаат граѓаните. За жал, информираме и за несреќи и други немили настани, за кои искрено посакуваме што помалку да ги има.

Патот не е лесен, но ние продолжуваме напред. Секогаш може подобро и побрзо, поинаку од другите. Остануваме ваши, од срце ви благодариме за довербата!.

Наместо со торта, за роденденот ве чeстиме со нов дизјан на порталот!

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена