Поврзи се со нас

Гостивар

Gostivarpress.mk во хипи кампот кај Црн Камен: Не сме голи луѓе кои прават глупости, имаме убави намери, ја сакаме природата

Објавено

на

    Стотиците странски кампери кај месноста Црн Камен близу Леуново, деновиве го сврте вниманието на јавноста и предизвика најразлични реакции и коментари. Се работи за неформална група под името „Rainbow Gathering“ која е отворена за секој што сака да се придружи, а се декларира како љубител на природата и собирите на отворено на кои се прават дружби, рутуали со палење оган на полна месечина и сл.

    Gostivarpress.mk денеска го посети кампот и поразговара со неколку учесници, кои ги има од сите страни на светот: Франција, САД, Израел, Литванија, Полска, Белгија, Германија, Австрија, Италија, Чешка, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија и еден учесник од Мексико. Со нас споделија дека се воодушевени од природата во мавровскиот крај, уживаат во престојот, меѓу другото организираат и акции за чистење на сметот, но сметаат дека населението не ги прифаќа и не ја разбира нивната намера.

    „Ова ни е прв собир кој е толку блиску до цивилизацијата и во близина на локалното население. И мојот проблем е што мислам дека луѓето не ја сфаќаат идејата, не ја разбираат. Само мислат дека сме голи луѓе кои прават глупости. Не е така. Се работи за природата, за духовното, за чувството на себеси. И имам информација дека доаѓаат дронови кои не сликаат, не го сакаме тоа. Ние не, не го сакаме ова да не претстават како шоу, како група на голи, страшни луѓе. Ние имаме убави намери, ја сакаме природата. Знаете, кога дојдовме овде имаше многу ѓубре, имаше многу расфрлана пластика. Го собираме сето тоа. Многу е почисто сега, секој може да види.“, рече една од учесничките која доаѓа од Полска.

    Според нејзината другарка, исто така од Полска, нивната група не е никаква организација од која луѓето треба да стравуваат и ги покани жителите од околината да ги посетат на дружење.

    „Ова не е некоја организација или нешто слично. Само се среќаваме неформално, се среќаваме секоја година на некое место и само сакаме да го почувствуваме духот на природата. И сакам да кажам, ако локалните луѓе сакаат да дојдат, секогаш се добредојдени, се разбира. Но, не да пиеме пиво и правиме лудории, туку да поразговараме со некого и да пренесеме малку за нашата идеја. И јас сум новинарка, работам во онлајн и печатен медиум, доаѓам од мал град од Полска и јасни ни се работите, каде што луѓето велат дека ништо не се случува наоколу, но кога ќе се случи нешто имаат проблем дека нешто се случува. Да, секогаш ќе има и луѓе на кои не им се допаѓа.“, рече девојката, посочувајќи дека во текот на престојот запознале и луѓе кои биле срдечни и пријателски настроени. „Да, запознавме многу локални луѓе кои беа толку срдечни. Затоа ви благодариме за ова место. И благодарам што можеме да бидеме тука. Знам дека не им се допаѓа на сите, но ние не правиме ништо како лоши работи. Ние се грижиме и уживаме во природата, не фрламе ѓубре, овде не пиеме алкохол или правиме други несакани работи како што мислат луѓето во селото.“, кажа таа.

    хипи камп Црн Камен (21)
    хипи камп Црн Камен (23)
    хипи камп Црн Камен (3)
    хипи камп Црн Камен (12)
    хипи камп Црн Камен (9)
    хипи камп Црн Камен (24)
    DSC_0254
    хипи камп Црн Камен (4)
    хипи камп Црн Камен (14)
    хипи камп Црн Камен (17)
    хипи камп Црн Камен (19)
    хипи камп Црн Камен (18)
    хипи камп Црн Камен (20)
    хипи камп Црн Камен (2)
    хипи камп Црн Камен (10)
    хипи камп Црн Камен (22)
    хипи камп Црн Камен (13)
    хипи камп Црн Камен (7)
    хипи камп Црн Камен (8)
    хипи камп Црн Камен (16)
    хипи камп Црн Камен (25)
    mavrovo, vremenska, sonce
    хипи камп Црн Камен (5)
    хипи камп Црн Камен (11)
    хипи камп Црн Камен (15)
    хипи камп Црн Камен (1)
    хипи камп Црн Камен (21) хипи камп Црн Камен (23) хипи камп Црн Камен (3) хипи камп Црн Камен (12) хипи камп Црн Камен (9) хипи камп Црн Камен (24) DSC_0254 хипи камп Црн Камен (4) хипи камп Црн Камен (14) хипи камп Црн Камен (17) хипи камп Црн Камен (19) хипи камп Црн Камен (18) хипи камп Црн Камен (20) хипи камп Црн Камен (2) хипи камп Црн Камен (10) хипи камп Црн Камен (22) хипи камп Црн Камен (13) хипи камп Црн Камен (7) хипи камп Црн Камен (8) хипи камп Црн Камен (16) хипи камп Црн Камен (25) mavrovo, vremenska, sonce хипи камп Црн Камен (5) хипи камп Црн Камен (11) хипи камп Црн Камен (15) хипи камп Црн Камен (1)

    Иако камперите се претставија како неорганизирани и спонтано собрани туристи, за присуството на непознати на „нивна територија“ се алармираа со посебен гласен крик, секој кој прв ќе ја забележеше екипата на Gostivarpress.mk веднаш сигнализираше со истиот чуден крик, за на крај, како ни појасниja група на кампери од Израел, тоа било поради нашата фото камера, а не поради присуството на луѓе.

    Камперите претходно престојувале во околината на селото Жировница, но оттаму со посредство на НП Маврово и полицијата биле преместени, со оглед дека станува збор за строго заштено подрачје. Жителите и сопствениците на викендици од Леуново и Ниќифорово реагираат и се противат на „дивиот камп“ , прашуваат каде се вршат физиолошките потреби, зошто не важи забраната за палење на огнови и сл.

    Според најавите, групата планира да остане во земјава до 16 август, кога планираат церемонија на полна месечина, а потоа ќе заминат.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена