Вести
Гостиварска Апелација работи со недоволен број на судии
Апелациониот суд во Гостивар работи со зголемен прилив на предмети, а во недостаток на судии. Според годишниот извештај, судот лани имал 6.006 предмети, од кои биле решени 5.417.
Остатокот од 589 незавршени предмети, одговорните во Апелација го објаснуваат со недоволен број на судии и над 200 предмети од скопскиот Апелационен суд, кои биле доделени на судии во Гостивар.
„Неколку години наназад бевме ажурен суд, но лани не успеавме да го совладаме приливот на предмети. Ни фалат двајца судии, а воедно со одлука на Судскиот совет добивме голем број на предмети од Апелациониот суд во Скопје“, изјави Шефајет Хајдари, претседател на Апелационен Суд во Гостивар.
Гостиварска Апелација е надлежна да решава по жалби против одлуките на Основните судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Според систематизацијата за нормално функционирање, предвидени се 16 судии, а актуелно ги има 14. Како што објасни, претседателот Хајдари, еден судија заминал во пензија, а друг поднел оставка.
Освен судии, Апелација има потреба и за дактилографи, други судски службеници и технички персонал.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди