Поврзи се со нас

Вести

Гостиварска Апелација работи со недоволен број на судии

Објавено

на

Апелациониот суд во Гостивар работи со зголемен прилив на предмети, а во недостаток на судии. Според годишниот извештај, судот лани имал 6.006 предмети, од кои биле решени 5.417.

Остатокот од 589 незавршени предмети, одговорните во Апелација го објаснуваат со недоволен број на судии и над 200 предмети од скопскиот Апелационен суд, кои биле доделени на судии во Гостивар.

„Неколку години наназад бевме ажурен суд, но лани не успеавме да го совладаме приливот на предмети. Ни фалат двајца судии, а воедно со одлука на Судскиот совет добивме голем број на предмети од Апелациониот суд во Скопје“, изјави Шефајет Хајдари, претседател на Апелационен Суд во Гостивар.

Гостиварска Апелација е надлежна да  решава по жалби против одлуките на Основните судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Според систематизацијата за нормално функционирање, предвидени се 16 судии, а актуелно ги има 14. Како што објасни, претседателот Хајдари, еден судија заминал во пензија, а друг поднел оставка.

Освен судии, Апелација има потреба и за дактилографи, други судски службеници и технички персонал.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена