Вести
Гостиварската „мафија“: Работнички мора да падне!

Екипата на гостивар е најсвежото изненадување во македонската прва лига.
Повратникот во нашето премиерно натпреварување почна одлично, со 4 победи во низа, против екипите со кои што реално ќе се бори за што повисок пласман во првиот дел од сезоната.
Фени Индустри – Гостивар 92:96
Гостивар – Кожув 101:75
Пелистер – Гостивар 79:91
Гостивар – Шкупи 94:78
Блокотехна – Гостивар 85:59
МЗТ Скопје – Гостивар 75:67
Потоа следуваа два пораза, на гостувањата кај фаворизираните екипи на Блокотехна и шампионот, МЗТ Скопје Аеродром.
Ако првиот пораз беше убедлив, вториот беше тесен. Во Гевгелија лошо си поиминаа, но новајлиите брзо ја научија лекцијата и скапо се продадоа во Скопје.
Сега, на ред е серија од три меча со различни противници, од кои што првиот и третиот се фаворити, а вториот во редот на оние што повеќе може да се победат, отколку да се загуби од нив.
Гостивар – Работнички (19.11.2017)
Охрид – Гостивар (02.12.2017)
Гостивар – Карпош (09.12.2017)
Најпривлечна од следните три, е домашната пресметка со Работнички, што треба да биде празник за кошарката во Македонија.
Дуелите меѓу Гостивар и нашата најтрофејна екипа, ќе останат запаметени по првата титула што не се врати во Градски парк, туку остана во витрините на Никол Ферт (во мајсторката во сезоната 1999/2000).
По 7 сезони доминација, Работнички беше поразен во Гостивар, во контроверзниот последен натпревар од финалето по кој што соблекувалната во која што беа гостите беше демолирана, а и ден денес останува непозната како беше можно прв човек на еден клуб да биде прв човек на федерацијата (Леонид Гајдаџиев).
Ќе се потсетиме дека сегашниот тренер на гостиварци, Марјан Србиновски тогаш ја играше својата последна сезона од првата епизода во Работнички (1998-2000, 2006/07) и беше дел од екипата што ја „загуби“ титулата.
Тие духови остануваат во минатото, денес е ново време и овој нов КК Гостивар, со ново раководство и со домаќинска менаџерска структура која што влезе во оваа приказна акционерски, најавува дека овој кошаркарски град повторно ќе биде кошаркарски центар во западниот дел на нашата земја.
Натпреварот меѓу Гостивар и Работнички ќе се одигра во реновираната арена Младост, која што доби нов паркет и нов лик, која што сега ги има сите услови за модерна кошарка.
Стратегијата е подготвена, терминот е 18-ти ноември, очекуваме градот да гори и салата да грми, да се потсетиме на минатото преку сликите на сегашноста.
(НАПОМЕНА: Зборот „мафија“ во насловот е употребен како жаргонски израз за друштво, пријатели и слично и употребата на овој збор во овој текст нема никаква допирна точка со вистинската дефиниција на зборот „мафија“!)
Во соработка со:
Basketball.mk
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!