Вести
Гостиварската младина со порака: паркови-наместо бекатонки, велосипеди-наместо автомобили (видео)
Средношколците од гостиварската гимназија и економското училиште го кренаа гласот против загадувањето на воздухот. Своите пораки ги испратија на креативен начин, преку танц театар пред зградата на општината. Активноста се организираше во рамки на проектот за мировно образование на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
„Во рамки на проектот секогаш обработуваме теми кои се општествено и вредносно важни. Затоа овојпат ученицте го избраа загадувањето на воздухот“, рече Валентина Штерјоска, професор во гимназијата и координатор.
Младите кои учествуваа во настанот изразија загриженост од последиците по здравјето кои ги предизвикува загадениот воздух, дадоа свои предлози и упатија апели до институциите да се преземаат мерки.
„Апелираме до сите граѓани да го намалат користењето на автомобили и бараме да се заменат бекатонките во училишните дворови со паркови. Загадениот воздух носи низа болести, не сакаме да ја прифатиме оваа состојба, мора сите да придонесеме за подобрување.“, рекоа учениците.
Претставниците од локалната самоуправа на Гостивар ја поддржаа иницијативата на средношколците и рекоа дека како општина продолжуваат со заложбите за борба против загадувањето на воздухот.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди