Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Гостиварската полиција на нозе по пријава за паднато девојче во Вардар

Полицијата, заедно со екипи од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарната служба се вклучени во потрага долж течението на Вардар, по пријава за паднато девојче во водите на реката во Гостивар.

Од полицијата потврдија дека граѓани околу 19.15 минути пријавиле дека девојче бегајќи од група кучиња скитници во близина на болницата, паднало во Вардар.

Освен екипи од полицијата и институциите, во потрагата се приклучуваат и граѓани. Во меѓувреме од ХЕЦ Маврово било побарано да го намали нивото на водата во реката.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!