Вести
Гостиварската полиција во хумана акција
Гостиварската полиција е дел од големото семејство на крводарители долго време. Чуварите на редот и мирот, години наназад докажуваат дека имаат широко срце и дека ја негуваат хуманоста. Денес го потврдија тоа уште еднаш во нова крводарителна акција, која беше организирана во Полициската станица во Гостивар. Во акцијата до крајот на денот се вклучија триесетина полициски службеници, меѓу кои поголемиот дел се редовни крводарители и постојано учествуваат во вакви активности. Полицајците посебно го пофалија колегата Трајан Гечевски со рекордни над 70 крводарувања, кој наскоро заминува во пензија.
Акцијата традиционално се спроведе во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Гостивар и службата за трансфузиологија.
Денешната беше втора по ред крводарителна акција во гостиварската Полициска станица. Во првата годинава беа собрани 43 единици на крв.
Акициите што беа организирани во текот на минатата година резултираа со околу 130 единици на крв.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди