Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 12/08/2019 | 17:28

Гостиварски голф излетал од коловоз, петмина се повредени

На регионалниот пат Тетово-Пирок, кон локалниот пат за тетовски Раковец, вчера (11 август) околу 11 часот и 40 минути, патничко возило „Фолксфаген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 34-годишниот А.Н. од селото Ломница, излетало од коловоз.

Возачот и сопатници во возилото на возраст од 17, 18 ,20 и 77 години пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, извести Секторот за внатршени работи.

Полицијата извршила увид на местот на несреќата.

Напишете коментар