Поврзи се со нас

Вести

Гостиварски компании во канџи на интернет измамници

Објавено

на

    Вешти хакери преку упад во електронските пошти на компании и граѓани им извлекуваат големи суми на пари од нивните сметки. Гостивар е заплеткан во мрежа на интернет измами. До нашата редакција изминатиот период стигнаа неколку реакции за ваков вид на измами. Со обраќањето до медиумите, оштетените сакаат да испратат предупредување до другите фирми, да бидат максимално внимателни при интернет трансакции. Исто така сакаат да укажат на потребата од поголема безбедност при онлајн плаќањата каде се вртат големи суми на пари.

    Во една од нив, позната гостиварска компанија која врши извоз на производи, за конец избегнала да уплати 10 илјади евра на погрешна сметка, па парите за малку наместо кај бизнис партнерот ќе стигнеле до хакерот. За среќа, стручната служба во компанијата во последен момент решила да изврши детална проверка и исконтактирала со својот деловен соработник, па увиделе дека се работи за измама и си ги спасиле парите. Друга фирма немала толкава среќа и останала без 2.000 евра кои легнале на сметката на хакерите.

    Како најчесто функционира компјутерскиот криминал? Добро организирани меѓународни криминални групи со спам-пораки и други хакерски методи  успеваат да ја украдат лозинката на е-мејлот на странскиот бизнис-партнер при што добиваат непречен пристап до историјата на целокупната комуникација со домашната фирма. Потоа креираат нови е-мејл адреси кои речиси незабележливо се разликуваат од оригиналните. Ја преземаат оригиналната порака, ја модифицираат и ја праќаат на  лажно креираната електронска адреса. Потоа праќаат порака до партнерот дека ја  промениле банкарската сметка за уплата на средствата и бараат парите да се уплаќаат на новата сметка, која ја доставуваат во прилог.

    Официјална пријава во полициското одделение надлежно за компјутерски криминал во Гостивар, за оваа година нема. Но, од таму апелираат на особена внимателност при интернет трансакциите, особено кога се работи за поголеми суми на пари.  Најдобриот начин за борба против овој вид на криминал е превенцијата и високото ниво на свест при користење на интернет мрежата во деловната комуникација, потсетуваат надлежните.

    Една од најважните препораки е задолжително да се прави телефонска или друг вид на потврда со деловниот соработник за договорените фактури, особено ако се воочи измена во банкарските податоци каде треба да се уплатат паричните средства.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 7 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 8 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 12 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 13 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 15 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 17 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 18 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена