Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварски регион со над 140 активно болни од Ковид, денес се земени 30 брисеви

Објавено

на

Минатонеделната статистика од над 70 нови случаи на ковид е рекордна за подрачјето на Гостивар. Вирусот се шири, и бројката на новозаболени лица секојдневно се зголемува.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, активно болни од ковид во гостиварскиот регион има околу 145, од кои над 100 се од Општина Гостивар, по што следува Општина Врапчиште и најмалку има во Маврово Ростуше. Вкупно до сега оздравеле 85 лица. Последниот период се зголеми и бројот на тестирања што ги врши епидемиолошката служба. Во текот на денешниот ден биле земени 30 брисеви, за да се испита присуство на коронавирус. Резултати се‘ уште се очекуваат и од земени брисеви изминатите денови од граѓани кои добиле симптоми слични на корона, како и од 7 контролни тестови на потврдени пациенти, кај кои поминал потребниот период за излекување.

На инфективното оделение во гостиварската болница моментално се хоспитализирани 17 пациенти со ковид.

Атмосферата низ градот пак генерално е иста, како и претходно кога состојбата со короната беше мирна. Во центарот на вниманието остануваат изборите, а граѓаните секој со своите обврски и навики. Младите ги полнат кафулињата, а пензионерите прават прошетки низ паркот. Почитувањето на мерките е работа на свеста и навиките. Дел носат маски и држат растојание, додека други воопшто не.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, во текот на изминатото деноноќие,  за неносење заштитни маски на гостиварското подрачје биле казнети 24 лица. Во овој период за 13 лицa изготвени се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 210 лица со вакви решенија и при тоа не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена