Гостивар
Гостиварски театар ги здружува силите со невладините, за повеќе публика и претстави
Можностите за заедничко делување и соработка, размена на идеи и идни проекти беа темите на кои се разговараше на денешната средба меѓу раководството на Гостиварски театар и претставници на граѓанскиот сектор во Гостивар. Како што истакна директорот на театарот Сулејман Рушити, ваквите состаноци се значајни за да се покренат заеднички иницијативи и да се поддржи театарската уметност во градот.
„Ова е обид со невладините организации да изнајдеме заеднички точки на соработка. Ние веќе имавме средби со релевантни личности, институции, студентските парламенти од двата Универзитети во Тетово. Мислем дека е многу важно да видиме кои ни се заедничките точки кои можеме понатаму да ги спроведуваме, било во органиациониот било во уметничкиот дел, како и во ПР смисла. Од невладините бараме да бидат дел од активностите.“, рече Рушити.
Изминатиот период Гостиварски театар се концентрираше на привлекување на младите како публика, за која цел беа изведени претстави за средношколците.
„На македонски беше изведена „Каде е пиштолот?“, додека на албански јазик „Тајните на мостот“. Многу сме среќни што имаше голем одзив. Следната година имаме план за претстави за деца и млади, па и во тој погед ќе ни биде потребно партнерство и поддршка“, оцени директорот.
Во петок и сабота (18 и 19 ноември) театарот ќе ја репризира комедијата на албански јазик „Вес Вес“, додека на 24 ноември ќе биде дел од меѓународен театарски фестивал во Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар