Гостивар
Гостиварски театар ја стартува 2020-та година со траги-комедијата „Полковникот птица“
Гостиварски театар започна со подготовка на првата претстава за 2020-та година – „Полковникот птица“. Се работи за траги-комедија, работена по текст на бугарскиот драмски писател, Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски.
Во претставата учествува целиот ансамбл на Гостиварски театар.
„Денес е празничен ден за нашиот театар, затоа што почнуваме со подготовка на новата претстава, прва за 2020-та година. Воедно ова е и официјално првата професионална претстава на македонски јазик во Гостивар.“, рече директорт на театарот, Висар Вишка.
Режисерот Цветановски нагласи дека му причинува задоволство и чест што ќе работи со гостиварската екипа. “Ова е одлична траги-комедија, која би ја нарекол ода на лудоста. Таа го поставува прашањето, кој од нас е нормален, а кој е луд. Самите ликови се стремат да станат подобри луѓе, па се надевам дека со оваа претстава барем за малку сите ние ќе станеме подобри луѓе“, изјави режисерот.
Почетокот на подготовите на новата претстава на Гостиварски театар ги проследи и министерот за култура Хусни Исмаили.
„Гостивар живее со својата многујазичност и тоа е за поздравување. Напорите на Министерството и во иднина ќе бидат насочени кон тоа сите јазици, култури, етникуми да бидат подеднакво претставени. Ете, следниот пат би сакал да присуствувам и на претстава на турски, ромски и на други јазици кои живеат на ова поднебје“, рече Исмаили.
Дејствието на „Полковникот птица“ е врзано со група на ментално болни луѓе, кои живеат во лудница. Таму по грешка стигнува хуманитарна помош, што пак нив ќе ги охрабри да се организираат да одат во Стразбур, да бараат правда и решение за својот проблем.
-
Гостиварпред 4 недели
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 5 дена
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 дена
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: Благица Димитровска | ПРОБЛЕМИТЕ И МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ