Гостивар
Гостиварски театар вработува 16 лица
Националната установа „Гостиварски театар“ објави оглас за вработување на шеснаесет лица, од кои повеќето се помошно-технички персонал.
Театарот ќе прими режисер, суфлер и соработник за драмска дејност – инспициент, за кои позиции платите се движат од 21.000 до 31.000 денари. Од помошно-технички персонал предвидени се вработувања на: столар, декоратори на сцена, продавач на билети, тон мајстор, возач, хигиеничар, шминкер и други. Месечните примања за овие места се движат од 16.500 до 25.000 денари.
Во огласот стои дека кандидатите треба да исполнуваат општи услови: да се државјани на Република Северна Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови кои се бараат се: соодветни стручни квалификации потребни за работното место, соодветно работно искуство и посебни работни компетенции потребни за работното место доколку се бара.
Националноста е определена согласно годишниот план на институцијата: 9 од албанска, 3 од македонска и еден од турска националност. За позициите режисер, суфлер и инспициент е наведено дека годишниот план не содржи податоци за распределба на нови вработувања на даватели на јавни услуги, по припадност на заедница.
Ова е прв оглас за вработувања во институцијата, а во наредниот период се предвидува оглас и за прием на актери.
Гостиварски театар беше основан со одлука на Владата пред околу една година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград