Вести
Гостиварскиот градоначалник започна со посети на училиштата

Како што најави минатата недела, новиот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од денес започна со посети на училиштата во градот каде остварува средби со колективите. Најпрво го посети ОУ „Исмаил Ќемали“, во кое како што откри учел и самиот како дете.
Градоначалникот од вработените бара да му предложат по три имиња за в.д директор, од кои тој избере еден. На тој начин, вели Таравари се прават напори да се деполитизира образованието.
“Треба постепено да одбереме директори на основните и средни училишта. Според мене, едно од најпрестижните и најважни училишта е училиштето во кое и јас сум учел, односно училиштето”Исмаил Ќемали”. Сметам дека наставниот кадар треба да биде дел од изборот на директорот и затоа сум тука да ги слушнам нивните предлози.”, изјави Таравари, нагласувајќи дека во наредните денови ќе ги посети и останатите училишта во градот.
На подрачјето на општина Гостивар има 11 централни основни училишта и четири средни училишта.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!