Гостивар
Гостиварскиот пазар полн со тезги и граѓани и покрај антикорона препораките

Глетката од денешниот пазарен ден на градскиот пазар во Гостивар скоро и да не се разликува од вообичаената во вторниците. Генерално истата слика, тезги со разновиден зеленчук и овошје, пазарџии кои си ги нудат производите и граѓани излезени да купуваат.
И покрај препораките да се избегнува собирање на луѓе, актуелната ситуација со коронавирусот се чини како да не ги исплаши ни продавачите, ни муштериите. Единствено можеше да се забележи дека дел од граѓаните дојдени да пазарат носеа маски и ракавици. Кај трговците, тоа го практикуваа само неколкумина.
На гостиварскиот пазар во Гостивар во вторниците доаѓаат трговци од целиот полошки регион, а за да пазарат граѓани од сите села на поширокото гостиварско подрачје. Во гужвата, на пазарот денес не се почитуваше препораката да се држи растојание од барем 1,5 метри меѓу луѓето.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар