Гостивар
Гостиварскиот регион без новозаболени од корона, во земјава потврдени вкупно 134

Во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. По региони новозаболените се од:
-Скопје 97
-Куманово 5
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 1
-Кавадарци 1
-Крушево 2
-Валандово 1
-Кратово 1
-Кичево 2
-Ресен 7
-Неготино 1
Во регионот на Гостивар во денешниот извештај не се регистрирани нови позитивни на коронавирус.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68 г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65 г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76 г) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77 г) примен на 6 јуни и пациентка (77 г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68 г). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67 г) и пациентка при прием (71 г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.“, наведува Министерството.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:
-Скопје 6
-Куманово 23
-Прилеп 2
-Тетово 1
-Велес 2
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја