Поврзи се со нас

Култура

Гостиварскиот уметник Меџити со самостојна изложба во Скопје

Објавено

на

 

Викендов во Културно информативниот центар во Скопје, беше отворена самостојна изложба на гостиварскиот уметник, Башким Меџити. Пред љубителите на сликарството, Меџити се претстави со триесетина слики работени во техника акрил создадени во последниве две години, во рамки на циклусот насловен “Временски димензии”.

“Во уметничкиот свет на Башким се раѓаат звуци при што доаѓа до израз осветувањето на древниот јазик и писмо, како и замислени композиции со сензации на бојата и позадината кадешто таа се исфрла. Неговите слики, на прв поглед изгледаат неконтролирани, боите како да се расфрлени, но позадината е полна со симболи и метафори на хармонија и дисхармонија”, рече професорката по историја на уметност, Јелдез Асани, на свеченото отворање.

Деканот на факултетот на уметности при ДУТ, Мифтар Мемети, истакна дека сликарот е препознатлив по тоа што е исклучително посветен на својата работата и по  неговата скромност.

“Башким го познавам уште од осумдесеттите години, кога беше многу млад. Отсекогаш бил многу посветен во работата. Не е само одличен сликар, туку и истакнат скулптор, цртач и графичар. Тој успева од доста прецизен реалист, да се трансформира во експресионистички модернист”, нагласи Мемети.

Башким Меџити е професор на Факултетот за уметности при ДУТ. До сега имал 14 самостојни  изложби, а учествувал и на многу групни изложби и уметнички колонии во земјава и во странство.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 недели

Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6

Гостиварпред 2 недели

Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец

Гостиварпред 2 недели

Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин

Гостиварпред 3 недели

Физички напади во рибинк и на улица во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 недели

Пријавен физички напад во Фазанерија

Гостиварпред 2 недели

Акција за уредување околу спомен-плочата на загинатите градители на ХЕС Маврово во Торбешки мост

Гостиварпред 4 недели

Гостиварецот Владо Глигоровски со „Аманет ви оставам“ настапи на јубилејниот „Гоце Фест“

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена