Раководството на КК Гостивар полека, но сигурно го комплетира тимот кој ќе се натпреварува во сезоната 2018/2019. После тренерот Марјан Србиновски, искусниот Тасовски и младинскиот репрезентативец Зеќири, денес управата на гостиварци направи чекор, на што се еднакво горди и во клубот и љубителите на кошарката во Гостивар.
Официјализирана е соработката со играчите на Кошаркарскиот клуб Гостивар кои потекнуваат од овој град, врз кои посериозно ќе се потпрат во сезоната што следи. Родени гостиварци кои ги поминале сите возрасни кошаркарски категории во Гостивар и горат од желба да го облечат дресот на првиот тим на КК Гостивар. Некои од нив веќе се во првиот тим, некои чукаат на вратата.
Во новата сезона во бело-синиот дрес ќе ги гледаме гостиварците: каптенот Ренато Димитриески (1991), Роберт Димитриески (1991), Златко Јовицоски (2000), Кипре Серафимоски (2000), Марјан Ѓорѓиески (2000), Антонио Симуноски (2000) и Борис Дукоски (2001).
– Многу сметаме и многу вложуваме во младинските категории на клубот. Гостивар е познат како расадник на кошаркари кои настапуваат насекаде. Горди сме на фактот што можеме да ги пополнуваме позициите во првиот тим со играчи од нашата школа, ни изјави тим-менаџерот Саити.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK