Претставници на бизнис секторот од поширокиот гостиварски регион денес се запознаа со условите за добивање на сертификатот „Фер со потрошувачот“, преку кој би станале препознатливи на пазарот и би стекнале поголема доверба кај купувачите. Сертификатот се доделува за имплементиранa фер трговска практика, а е заснован на стандардот ISO 26000.
Активностите се дел од проектот „Зголемување на соработката помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“, кој на подрачјето на Гостивар го спроведува Центарот за женски права ЕТИКА во партнерство со Агенцијата за поддршка на претприемништвото ЕСА.
„На денешниот семинар учествуваат претставници од дваесетина мали и средни фирми од општините Гостивар и Врапчиште. Пред нив ги презентираме значењето и продобивките од сертификатот „Фер со потрошувачот“, како и условите за негово добивање“, изјава Себаете Зенку, претседател на ЕТИКА.
Сертификатот значи дека фирмата работи професионално и е конкурентна во однос на услугите што ги пружа, дека се грижи за заштита на правата на потрошувачите и доколку настане проблем тој ќе се реши спогодбено, во интерес на двете страни.
„Конкретна корист за претпријатијата е дека ќе им се зголеми бројот на потрошувачи, ќе станат барани фирми, ќе им се намалат поплаки, жалби кои често одземаат и многу време и пари. За потрошувачите предност е што однапред ќе знаат што купуваат во однос на квалитет на производот, услугата и слично“, рече Ристо Иванов, проектен менаџер.
Бесплатно сертификат ќе добијат 30 фирми во земјава, од кои 3 ќе бидат од гостиварскиот регион. Проектот се реализира со поддршка на Европска Унија.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK