Поврзи се со нас

Вести

Гостиварските млади каратисти блеснаа на Светското Шотокан карате првенство

Објавено

на

Младите каратисти од Гостивар остварија забележителен успех на Светското Шотокан карате првенство кое се одржа неодамна во Истанбул, Турција. Единаесет членови на Карате клубот Полог беа дел од Македонската репрезентација која настапи со триесет и осум каратисти. Репрезентацијата го освои шестото место во генерален пласман, во конкуренција на 35 држави со околу 1.500 натпреварувачи, а гостиварскиот клуб дома донесе две сребра.

Драгана Андриеска, Мелани Столеска и Матеа Димоска во екипна женска конкуренција (возраст 10 и 11 години) го освоија второто место. Драган Данилоски пак учествуваше во екипа јуниори со членови на други македонски клубови, која исто така освои второ место.

„Ова беше големо натпреварување, со силна конкуренција и навистина сум задоволен од постигнатиот успех. На многу од децата им беше првпат да учествуваат на вакво големо меѓународно првенство, секако влијае и тремата, но главно успехот е значаен со оглед на тоа дека се натпреварувавме со екипи од држави како Русија, Америка, Шпанија, Франција кои имат долгогодишно искуство“, изјави тренерот Гоце Андриески.

Младите гостиварски каратисти посветено продолжуваат со тренинзи и подготовки за наредни натпреварувања.

Најголем предизвик што ги очекува е Европското карате првенство кое треба да се одржи есенва.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена