Гостивар
Гостиварските пожарникари го изгаснале запалениот автобус кај Стража

Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје – Охрид. Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално.
„Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник“, информираат од ЦУК.
Увид врши екипа на МВР.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!