Гостивар
Гостиварските пожарникари на гости во центарот на ангелите „Заедно можеме“

Дечињата кои го посетуваат центарот на Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“ во Гостивар, денес имаа можност да се дружат со пожарникарите од гостиварската Противпожарна едница. Гостите на кои многу им се израдуваа ги пречекаа со цвеќиња во рацете.
„Самите деца изразија желба да не‘ посетат пожарникарите и тие им ја исполнија. Голема радост предизвика присуството на пожарникарите кои им пружија бескрајна љубов на ангелите во нивното гнездо – Центарот „Заедно можеме“. Како раководство на здружението, се чувствуваме високо почитувани и ценети што денеска пожарникари ни беа на гости во топлите простории на овие ангели. Срдечно му благодариме на раководителот на ТППЕ – Гостивар Јусуф Бајрам кој со задоволство го прифати барањето и овозможи денес нашите ангели да поминат дел од денот со овие добри луѓе кои не штитат од пожари и други несреќи.“, рече претседателот на здружението, Шпенди Салија.
При посетата пожарникарите ги запознаа децата со нивната работа и обврски, како и со дел од опремата што ја користат, униформите, специјалните противпожарни возила.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите