Поврзи се со нас

Вести

Гостиварските средни училишта и денес во „лов“ на полуматуранти

Објавено

на

Во средните училишта се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок. Полуматурантите кои не се запишаа од прв пат, треба да ја завршат оваа обврска денес, со оглед на тоа што августовскиот рок ќе важи само за ученици кои останале на поправен испит или испити за побрзо напредување. Оваа новина е вметната годинава за прв пат во конкурсот за упис во средните училишта.

За да се запише во средно образование еден ученик треба да ги исполнува следните услови: да имаат завршено основно образование, да не е постар од 17 години и да ги исполни бодовните критериуми во училиштето за кое аплицира. Малку е познато дека во средно може да се запише и ученик кој нема завршено основно образование. Сепак, ова се однесува само на посебно талентирани деца кои ќе добијат согласност од Министерството за образование, со обврска паралелно со средното, да се здобијат со основно образование.

Секоја година, Министерството предвидува над 1.900 слободни места за уписи во четирите јавни средни училишта во Гостивар, иако бројката на ученици бележи постојано намалување. Имајќи го тоа во предвид, може да се каже дека училиштата водат „борба“ за привлекување на нови ученици со разни промотивни активности, отворени денови, презентации и слично, на кои им ги претставуваат училиштата, условите и смеровите кои ги нудат.

По првото пријавување во медицина се запишани вкупно 144 ученици, во техничко 83, во економско 20, а во гимназија 100. Бројките се однесуваат на трите наставни јазици.

Кој ќе биде конечниот исход од јунските уписи во средните училишта во Гостивар ќе се знае во текот на утрешниот ден.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена