Вести
Гостиварските средношколци со бројни награди од натпреварот МАССУМ
Успешно претставување и многу први места за средношколците од Гостивар на образовното рандеву МАССУМ, што се одржа изминатиот викенд во Скопје. Тимот на средното економско училиште, денес заедно се радуваше и прослави за освоените награди, пет први места во различни категории и тоа: најдобар штанд, веб страна, модна ревија како и маркетинг план и интервју за работа на албански јазик. Освен тоа беше освоена и трета награда за јавно говорење на албански јазик. „Ова за мене беше прекрасно искуство и проширување на знаењата. Вложивме многу труд, имавме одлично претставување и среќни сме што се вративме со многу први места“, рече ученичката Емилија Данилоска. Дека натпреварот бил корисно искуство и добра можност за сите се согласи и ученичката Марија Петроска. „Јас учествував во категоријата најдобра веб страна, со која освоивме прва награда. Чест е да се биде најдобар во силна конкуренција“, рече таа.
Успех на образованото рандеву постигнаа и учениците од гостиварското Средно техничко училиште кои исто така добија прво место за штанд. Освн тоа, освоија прво место за јавно говорење на албански јазик и трето место за интервју за работа на албански. „Многу сме задоволни од нашето претставување и среќни за постигнатиот успех“, рече ученичката од ова училиште Флоранда Мухареми.
На овогодинешното Образовно рандеву МАССУМ учествуваа 65 средни стручни училишта од целата земја.
Младинска Асоцијација на Средни Стручни училишта во Македонија-МАССУМ, постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, личен напредок и поголем успех во кариерата. Организирањето на Образовното рандеву е една од традиционалните активности на асоцијацијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград