Вести
Гостиварските училишта ги отворија вратите за првачињата
Во текот на месец мај во основните училишта се спроведува уписот на првоодделенците. Училиштата во Гостивар веќе истакнаа соопштенија за прием на првачиња со информации околу потребните документи и рокови.
Запишувањето на учениците се врши според Законот за основно образование во кој се предвидени повеќе услови. Во прво одделение се запишува дете кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 години, односно децата родени во 2011-та година. Исклучок може да се направи за деца родени во јануари 2012-та, на барање на родителот, но само по добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
На денот на уписот родителите се должни да ги достават потребните документи. Фотокопија од извод на матична книга на родените, потврда за примени задолжителни вакцини како и потврда од систематски преглед кај стоматолог.
Правилата предвидуваат реонизација при уписите, односно детето да се запише во училиштето кое е најблиску до неговиот дом.
На подрачјето на општина Гостивар, вратите за новите првоодделенци ќе ги отворат 11 централни основни училишта и 20 подрачни.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди