Гостивар
Гостиварско архиерејско намесништво: Славските колачи за Св.Петка ќе се благословуваат во храмовите на 26 и 27 октомври

Во пресрет на празникот Света Петка, кој се слави на 27 октомври и голем број на православни верници во Гостивар и гостиварско го имаат за куќна слава, Гостиварското архиерејско намесништво соопштува дека организира дежурни свештеници кои ќе ги благословат славските колачи во храмовите Света Богородица и Света Петка, наместо во домовите.
„Го повикуваме православното население од Гостивар кое го чествува Света Петка како куќна слава и до сега своите славски колачи ги благословувале дома, годинава истите заедно со пченицата и виното за благослов може да ги донесат во храмот „Света Богородица“ и во храмот „Света Петка“ во Гостивар. Свештенството од гостиварското намесништво организира дежурни свештеници кои ќе ги благословат славските колачи на 26 октомври, (вторник) во Св.Богородица од 7 до 17 часот и во Св.Петка од 15 до 17 часот и на 27 октомври (среда) во Св. Богородица од 7 до 14 часот, а во Св.Петка од 7 до 12 часот“, информираат од Гостиварското архиерејско намесништво.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче